ФОТО+ВИДЕО | „Мерил Стрип е како близначка со Миранда“: Актерките од „Ѓаволот носи Прада“ се обединија на наградите САГ

Фото: Profimedia

Познатото актерско трио од филмот „Ѓаволот носи Прада“ („The Devil Wears Prada“), Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант, повторно се обедини на годинашните награди САГ за да ја додели наградата за најдобар актер во хумористична серија.

Првично беше најавено дека Стип ќе ја врачи наградата на победникот, но наместо тоа – актерката се појави на сцената и изјави дека не ги понела очилата, ниту пликот со името на добитникот на наградата. По краткиот момент на тишина, на сцената ѝ се придружија Хатавеј и Блант, носејќи ѝ ги очилата и пликот.

Фото: Matt Winkelmeyer / Getty images / Profimedia

Да потсетиме, во „Ѓаволот носи Прада“ Стип ја игра улогата на Миранда Пристли, озогласената главна уредничка на модното списание „Ранвеј“, а Хатавеј и Блант ги играат улогите на нејзините асистентки, Андреа Сакс и Емили Чарлтон.

Во филмот, Миранда Пристли е строга со своите асистетки, а нејзините осудувачки изрази на лицето се дел од популарната култура денес. Стип имаше таков израз на лицето и на годинашните награди САГ кога ѝ се придружија нејзините „асистентки“.

Фото: no, Credit line: Matt Winkelmeyer / Getty images / Profimedia

Трите актерки се присетија на нивниот успешен филм од 2006 година, кој и ден-денес важи за еден од најдобрите филмови во својот жанр, а публиката уживаше во нивниот забавен разговор.

„Едно вековно прашање – кога завршува улогата, а почнува вистинскиот живот?, праша Стрип, на што Блант ѝ одговори: „Мерил и Миранда се како близначки“.

„Јас мислам дека воопшто не сум како Миранда Пристли“, ѝ рече Стрип.

„Не, тоа воопшто не беше прашање“, се вклучи и Хатавеј во разговорот, алудирајќи на една од најпознатите реплики на Миранда Пристли од саканиот филм.

Потоа Стрип го отвори пликот, а Емили Блант, очигледно иронично, рече: „Отворете го со ледено темпо, знаете дека тоа ме воодушевува“, уште една референца за изјава на Миранда од филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот