ФОТО+ВИДЕО | Ирина Шајк и Том Брејди уловени заедно: Ја милува по лицето, откако ја помина ноќта кај него

Фото: Принтскрин/ Инстаргам

Поранешниот НФЛ играч Том Брејди и Ирина Шајк го поминале викендот заедно, а во еден момент бил фатен како ја милува манекенката додека биле во автомобил, пренесува „Ти-ем-зи“.

Според „Ти-ем-зи“, Брејди се нашол со Шајк кај хотелот Бел-Ер и потоа ја однел кај него. Манекенката била забележана како се прикрадува следното утро во 9:30 часот, а подоцна истиот ден, повторно биле фатени заедно.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На објавените фотографии и видеото се гледа како парот заедно шета и се смешка и си разменува нежности. Двојката претходно се најде на насловните страници кога за првпат беа раширени гласините за новата врска, откако и двајцата присуствуваа на свадбата на Џо Нахмад и Медисон Хедрик во Коста Смералда, Сардинија.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Меѓутоа, тогаш спортската легенда ги негираше гласините дека е заинтересиран за руската манекенка.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Инаку, Брејди се разведе од Жизел Бундхен минатиот октомври. Со неа, ги доби синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк. Тој исто така го има синот Едвард Томас со Бриџит Мојнахан.

Во 2019 година, Ирина раскина со Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа. Медиумите минатата година ја поврзуваа и со Канје Вест, но нивната врска беше краткотрајна.

ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!

„Смрт на мојот сон“: Жизел Бундшен за првпат проговори за разводот со Том Брејди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот