ФОТО+ВИДЕО | Хоакин Феникс виден на улиците на Лос Анџелес, на снимањето на „Joker: Folie à Deux“

Фото: Инстаграм/Тод Филипс

Актерот Хоакин Феникс е фотографиран на снимањето на новото продолжение на филмот „Joker 2: Folie a Deux“, како трча низ улиците на Лос Анџелес, заедно со уште еден Џокер, маж облечен како неговиот лик од првиот дел од филмот, пишува „Дејли мејл“.

Имено, 48-годишниот оскаровец бил забележан на сетот на филмот, како Артур Флек, а покрај него бил виден висок маж со целосна Џокер шминка и црвен костум, кој Артур го носеше во оригиналниот блокбастер во 2019.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vitamina Nerd (@vitaminanerd)

Лејди Гага не беше забележана покрај Хоакин, само неколку недели откако режисерот Тод Филипс ја објави првата фотографија од ликот на Гага – Харли Квин.

Иако не е потврден идентитетот на повисокиот актер во целосна шминка и црвен костум, многу е веројатно тоа да е британскиот актер Хари Лоти, кој е забележително повисок од Феникс.

Феникс беше забележан на снимањето облечен во светло сив костум со светло-кафеава кошула и сива вратоврска. Оскаровецот имал размачкана Џокер шминка на лицето, комплетирајќи го својот изглед со соодветни кафени панталони и чевли.

Иако не беа дадени детали за сцената, можно е да имало некаков вид експлозија, што би можело да биде причина за правливиот костум и остатоци од крв на неговото лево уво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Batman (@dceubat)


Неговиот мистериозен, повисок придружник беше виден како трча со целосно зелена коса и бела шминка на лицето, облечен во навидум идентичниот црвен костум со жолт елек што го носеше Артур во првиот филм. Актерот го комплетираше својот изглед со црни чизми додека трчаше по улиците на Лос Анџелес, иако не е јасно од што всушност бегаа тој и Артур Флек.

Снимањето на „Joker 2: Folie a Deux“ започна на почетокот на декември 2022 година, и сѐ уште не се знае уште колку ќе трае снимањето.

Оригиналниот „Joker“ од 2019 година беше хит во светските киносали, со заработка од 1,074 милијарди долари ширум светот, што е првиот филм со ознака „над 17“ кој надминал 1 милијарда долари. Хоакин Феникс го доби својот прв Оскар за најдобар актер за портретот на Артур Флек, по трите претходни номинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот