ФОТО | Во облека вредна 3.400 долари: Лорен Санчез го покажа „жешкото“ деколте при посетата на Белата куќа

Drew Angerer / AFP / Profimedia

Претприемачот и основач на „Амазон“ Џеф Безос (60) и неговата партнерка Лорен Санчез (54) беа еден од многуте познати парови кои синоќа уживаа во вечерата со американскиот претседател Џо Бајден (81) и првата дама Џил Бајден (72) во Белата куќа. Целиот настан беше во чест на јапонскиот премиер Фумио Кишида.

За оваа прилика, Санчез одлучи да облече црвен фустан со корсет, украсен со тантела, кој го истакна нејзиното деколте.

Според пресметките на „Пејџ сикс“, Санчез носела облека вредна околу 3.400 долари. Вереникот на Санчез, Безос, се одлучил за класичен, елегантен смокинг, во комбинација со бела кошула и свилена машна.

Фото: Drew Angerer / AFP / Profimedia

Исто така, на настанот присуствуваше и познатиот актер Роберт де Ниро, со неговата партнерка Тифани Чен, Тим Кук, Лиза Џексон, Кристи Јамагучи и други.

Американскиот музичар Пол Сајмон, кој наводно е миленик на првата дама, ги забавувал посетителите со песните „Graceland“ и „Slip Slidin’ Away“.

Што се однесува до храната, за вечера биле послужени лосос и стек.

Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот