ФОТО + ВИДЕО | Жените полудеа по новиот тренд „Барби ботокс“, ги издолжува рамениците и вратот

Фото: Скриншот/Јутјуб

Во последно време светот е зафатен од Барбиманија, а особено е интересно што жените и девојките се натпреваруваат која повеќе ќе личи на познатата кукла. Така, изгледот на Барби почна да се пресликува во повеќе области, почнувајќи од модата, па сѐ до шминката и фризурата, а особено станаа популарни одредени естетски процедури кои можат да го комплетираат целиот впечаток.

Најновата сензација која брои милиони прегледи на социјалните мрежи е таканаречениот „Барби ботокс“, кој до неодамна беше познат како „трап токс“.

Според „Њу бјути“ (New Beauty), „Барби ботокс“ го користи невротоксинот ботулински токсин А, надвор од она за што е регистриран, за да ги релаксира хиперактивните и згрчени трапезни мускули.

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Терминот „Барби ботокс“ е даден затоа што под влијание на ботоксот , рамената се опуштаат, што доведува до визуелно издолжување на вратот и потенок изглед на целиот горен дел од телото.

Повеќето луѓе имаат затегнати мускули на рамената поради продолжената работа на компјутер и други активности кои создаваат напнатост во вратот и рамената, па спомнувањето на Барби во името на третманот може да збуни многу луѓе – главната цел е лекување на затегнати мускули на грбот.

Сепак, името се погоди бидејќи третманот на некој начин ја поддржува естетиката на Барби, особено по премиерата на летниот хит кој повторно ја разгоре Барбиманијата.

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Инјектирањето ботокс привремено ги релаксира мускулите, со што се намалуваат контракциите, што ги ослободува мускулите од грчеви и ги издолжува. Поради ова, аголот помеѓу вратот и рамената се зголемува, а вратот визуелно станува потенок и подолг, давајќи му на целокупниот поженствен и нежен изглед.

„Кога ќе ја погледнете куклата Барби, ќе видите дека таа има агол од 90 степени помеѓу вратот и рамената, за разлика од, да речеме, тинејџерските мутант нинџа желки“, вели пластичниот хирург Симон Полтер.

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Како што дополнително објасни докторката, дејството на „Барби ботоксот“ е привремено, трае три до четири месеци и бара повторени третмани, доколку се сака да се одржи посакуваниот резултат. Како и повеќето третмани од овој тип, и овој има несакани ефекти, па ако се претера може да доведе до мускулна атрофија поради нивната недоволна употреба, што потенцијално ја намалува количината на ботокс потребна за понатамошни третмани.

Д-р. Симона вели дека процедурата е целосно реверзибилна, бидејќи откако ќе се прекине „ботоксот“, мускулите се враќаат во првобитната положба.

 

ВИДЕО | „Ќе добијам срцев удар ако ја видам“: Тродимензионална Барби ги исплаши луѓето во Дубаи

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

ФОТО ГАЛЕРИЈА | Мода инспирирана од кукла: Маргот Роби како барбика на розовиот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот