ФОТО+ВИДЕО | Армијата на должност- Војници и медицински персонал во Словачка ги тестира сите постари од 10 години
Од денеска во зори, војниците и медицинскиот персонал се распоредиле низ целата земја, а во центрите за тестирање се пријавени долги редици.
Словачка започна амбициозна операција за тестирање на ковид-19 на сите жители постари од 10 години, но претседателката Зузана Чапутова смета дека тоа е „невозможно“, пишува BBC.
Акцијата за тестирање на четири милиони луѓе треба да се изврши за два викенда. Инфекцијата со коронавирус е широко распространета во Словачка, а властите велат дека единствената алтернатива на масовното тестирање е целосна блокада.
Претседателката Чапутова повика на преглед на планот откако првите луѓе на кризниот штаб рекоа дека нема доволно обучени здравствени работници за да го спроведат тестирањето.
Досега се мобилизирани 70 проценти од 20.000 здравствени работници кои треба да земаат брисеви од нос, рече министерот за одбрана.
Од денеска во зори, војниците и медицинскиот персонал се распоредиле низ целата земја, а во центрите за тестирање се пријавени долги редици.
Премиерот Игор Матовиќ ги повика луѓето да се тестираат.
-Очите на Европа и светот се вперени во нас- рече тој.
Планот е да се тестираат четири петтини од популацијата со брзи анагени тестови, а резултатите ќе бидат готови за 30 минути.
-Ова е најголема воена логистичка операција од осамостојувањето- рече министерот за одбрана Џаро Над.
Вкупно досега има 57.664 заразени и 219 жртви во Словачка, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.