ФОТО | Улогата му донесе милиони, а во 2012 се пензионираше: Дејвид Карузо денес изгледа непрепознатливо

Колаж: СП. / Фото: Профимедиа

Снимањето на оваа серија заврши во 2012 година, а Дејвид Карузо кој го играше детективот Хорејшио Кејн, одлучи потоа да се пензионира. Во јавноста остана запаметен по кратката црвена коса, темните очила и театарските паузи помеѓу речениците, како што зборуваше додека го толкуваше главниот лик на „ЦСИ Мајами“.

Дејвид Карусо во улогата на Хоратио во серијата ЦСИ Мајами / Capital Pictures / Capital pictures / Profimedia

Токму неговата улога во оваа серија му донесе вртоглав хонорар од дури 375.000 долари по епизода и го направи еден од најплатените актери.

Mary Evans Picture Librar / Profimedia
CBS Collection / Everett / Profimedia

Дејвид денес има 65 години, целосно се повлече од јавноста и ретки се приликите кога папараците можат да го „уловат“.

Приватниот живот го крие од секого, додека во времето на неговата популарност, неговиот бурен љубовен живот беше честа тема на медиумите.

Dejvid Karuso
Фото: Профимедиа

Зад себе Дејвид има три брака. Во првиот брак стапи во 1979 година, со Шери Мауганс. Љубовта траеше до 1983 година, а набргу по разводот, пред олтарот застана со Рејчел Тикотин. Една година подоцна ја добија ќерката Грета, а во 1987 година, бракот се распадна. Третиот брак следеше во 1996 година, со стјуардесата Маргарет Бакли. Иако нагласуваше дека му е мило што конечно е со жена која не е од светот на шоу-бизнисот, поради што се надеваше дека овој брак ќе успее, тоа се покажа како неточно. Се разведоа по три години, бидејќи ја изневерил сопругата со инструкторката по јога.

Серијата „ЦСИ: Мајами“ му донесе љубов со Лиза Маркез со која доби и две деца, но тие на крајот завршија на суд. Лиза го тужеше за неверство и за нанесување душевна болка.

Дејвид Карусо со семејството на аеродром во Лос Анџелес / no, Credit line: AKM Images / Backgrid USA / Profimedia

Таа рекла дека тој психички ја малтретирал, ја контролирал и бил посесивен и љубоморен, а Дејвид ја обвинил дека го изневерува со личниот асистент и најдобар пријател. Пресудата беше таква што Дејвид мораше да ѝ плати отштета на Лиза, што наводно никогаш не се случило.

И колегите немаат добри спомени од соработката со него, па некои тврдеа дека Дејвид е разгален и дека е тешко да се соработува со него.

Dejvid Karuzo
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот