ФОТО | Учесничка од „Ѕвездите на Гранд“ претепана од двајца непознати мажи: Пејачката Марина заврши во болница

Фото: Принтскрин/Instagram

Српска пејачка Марина Радосављевиќ која јавноста ја запозна како учесник во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, во неделата била брутално претепана од двајца непознати мажи.

Марина требала да настапува во Врњачка Бања, но непосредно пред настанот во 19:30 часот пред локалот каде требала вечерта да ги забавува гостите била нападната од двајца маскирани мажи кои ја собориле на земја нанесувајќи и тешки повреди.

„Вечерва ми се случи една многу страшна работа околу 19:30, страшна пред се за секоја припадничка на понежниот пол, а потоа и за жена која се занимава со јавниот живот, музиката. Јас сум во неверување, но сум толку добра и ментално стабилна што обидот за заплашување, тепање и евентуално убиство можам да го сведам на кукавичлук и лошиот систем на функционирање на денешницата и се што е далеку од срцето и од Бога. Дали сме во Тексас или Врњачка Бања, Србија?! Се чувствувам исклучиво разочарана и незаштитена“, напиша пејачката на својот инстаграм – профил.

Пејачката преку својот инстаграм – профил објаснила дека била нападната во близина на локалот во моментот кога пристигнала на местото и излегувала од својот автомобил.

„Двајца крупни мажи, без збор, ме нападнаа маскирани. Еден од нив невешто испрска солзавец, другиот ме собори на земја и двајцата ме тепаа, без никаква причина. Значи, кој и да е и што и да сакал да постигне со ова, треба многу да се срами, по која било основа и со било какви мотиви“, истакнала Марина во нејзината објава на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Instagram

Марина беспомошно лежела на земја, а напаѓачите избегале. Пејачката објави фотографии на социјалните мрежи на која ги покажува повредите. Радосављевиќ очекува надлежните органи да го решат случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот