ФОТО | „Три дена во најубавиот Охрид“: Каролина Гочева уживаше во „бисерот“ на Македонија

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Македонската пејачка Каролина Гочева ги искористила последните денови од летото за да се опушти во Охрид, градот надалеку познат како „македонскиот бисер“.

Таа поминала три дена во Охрид, каде прошетала низ стариот дел од градот, покрај препознатливото охридско шеталиште, но и до прекрасната црква „Св. Климент и Пантелејмон“ во месноста Плаошник.

Храната е важен дел од секое туристичко искуство, па пејачката се препуштила на вистинско гастрономско уживање во еден локален ресторан, со чашка ракија и познатото охридско макало.

„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, напиша пејачката на Инстаграм, објавувајќи неколку фотографии од патувањето.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

ФОТО+ВИДЕО | Каролина Гочева на одмор во Хрватска: Го покажа виткото тело во костим за капење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот