ФОТО | Том Круз се откажа од ботоксот и филерите и изгледа фантастично

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Том Круз (60) лани ги изненади своите обожаватели со сосема поинакво лице, па многумина почнаа да шпекулираат дека тој вбризгал филери и ботокс. Според новите фотографии, изгледа дека Том се естетските корекции и го покажал своето природно лице.

Фото: Профимедиа

Круз ги воодушеви своите обожаватели со новите фотографии додека одел на ноќно излегување во лондонскиот „Мејфер“. Згодниот актер повторно ги покажал мускулестите раце во тесна кадифена поло маица, но неговото лице, сепак, привлече најголемо внимание.

Судејќи по фотографиите, актерот сепак се откажал од третманот со филери и го открил својот природен изглед, а сега изгледа како лицето да му е ’исушено’.


Имено, во октомври минатата година, фотографиите од холивудски актер со отечено лице изненади многумина.

Повеќето не ни веруваа дека се работи за познатиот актер, а други коментираа дека најверојатно лицето му е отечено од некоја естетска процедура.


Еден месец подоцна, Круз беше фатен од папараците на аеродромот „Даксфорд“ во Кембриџ, каде што одеше на лекција по летање пред снимањето на „Невозможна мисија 8“. Тогаш актерот изгледаше поприродно и повеќе личеше на себе.

ФОТО | Том Круз пречекан со овации за „Top Gun: Maverick“ на Канскиот филмски фестивал

ФОТО | Кејт Мидлтон беше главна ѕвезда на премиерата на „Top Gun: Maverick“

ВИДЕО: Том Круз направи вистинско шоу на најочекуваната премиера на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот