ФОТО | Тешко болниот Брус Вилис го прослави 69. роденден: Една фотографија особено ги крши срцата

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во домот на Брус Вилис вчера било весело, бидејќи актерот го прослави 69-тиот роденден. Иако сериозно и тешко болен, овој херој на акционите филмови бил доста активен, па за роденденот го собрал семејството за заедно да се прослават.

Секако, прославата не ја пропуштила ниту поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, која на својот инстаграм-профил објави видео како весело танцува со актерот додека ги снима нивната најстара ќерка Румер Вилис.

Деми Мур, исто така, објави и многу емотивни фотографии со славеникот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Додека на првата се гледа Брус Вилис во поодмината фаза на болеста додека на каучот разменува поглед полн со нежност и топлина со Деми Мур, следната фотографија многумина насолзи, бидејќи на неа е актерот со својата внука.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сепак, последната во низата фотографии ги „скрши“ срцата на корисниците на Инстаграм. Деми Мур од семејните архиви објави фотографија со Брус Вилис од неговите помлади денови кога бил во полна сила додека ги гушка своите ќерки.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Со нежни зборови: „Среќен роденден! Те сакаме и благодарни сме што те имаме“, Деми Мур му посака среќен роденден на поранешниот сопруг.

Да потсетиме, во март минатата година како бомба одекна веста дека Брус Вилис е тешко болен. Семејството на славниот актер тогаш објави дека ѕвездата на акционите холивудски блокбастери боледува од фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборуваше дека неговата состојба се влошува.

Работите да бидат уште полоши, Талула Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис неодамна ја изненади јавноста кога на социјалните мрежи ја сподели својата дијагноза за аутизам. Веста шокираше многумина, бидејќи Талула претходно беше отворена за нејзината борба со дисморфија, нарушување во исхраната и АДХД.

Талула откри дека се бори со анорексија од 2019 година и дека се пријавила во установа во Малибу за да се справи со ова тешко нарушување во исхраната и депресија. Таа го опиша ова искуство како терапевтско, истакнувајќи дека за првпат успеала да ги победи своите ментални демони.

Семејството на Брус Вилис сподели тажни вести за актерот: Нема повеќе радост во него

ВИДЕО | Ќерката на Брус Вилис откри дека ѝ e дијагностициран аутизам: Во минатото се бореше со повеќе ментални нарушувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот