ФОТО: Тешка сообраќајка на Истра, пијан возач усмрти жена

Во сериозна сообраќајна несреќа што се случи на патот Пореч – Вишњан денес попладне, загина 70-годишна жена, соопшти полициската управа на Истра. Несреќата се случила во 17,35 часот.

Страотна несреќа на патишата во округот Истра/Фото: Фејсбук

Возачот на автомобилот „пежо“, преминал на левата страна од патот и се судрил директно со автомобил „нисан“ управуван од 70-годишна жена, која починала на местото на несреќата.

Жена загина во сообраќајна несреќа на Истра / Фото: Фејсбук

Возачот на „пежото“ е повреден и пренесен во Општата болница во Пула, каде му се измерени 1,67 промили алкохол во крвта.

Фото: Фејсбук

Околностите за несреќата ќе бидат познати по завршувањето на истрагата која сè уште е во тек. Ова е петнаесетто лице кое е загинато годинава на патиштата на округот Истра.

Prometna nesreća na cesti od Nove Vasi prema Višnjanu. Na intervenciji je 2. smjena JVP CZP POREČ.

Publiée par Vatrogasci Poreč sur Mercredi 21 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот