ФОТО: Српската водителка на која автобус ѝ ја откина раката, раскажа како ослабела 30 килограми

На српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, по страотната сообраќајна несреќа, во која автобус ѝ ја откина раката, ѝ требало долго време да се опорави, а поради операциите се здебелила неколку килограми.

Dea Đurđević
Фото: Принтскрин

Таа сега откри дека успеала да ослабне дури 30 килограми и со тоа ја вратила посакуваната тежина.

– Благодарение на лекарите од Военомедицинската академија ослабнав неверојатни 30 килограми. Тим од тројца лекари ми направија специјално мени до кое строго се придржувам. Внимавам што земам од намирниците и сега се чувствувам одлично. По операциите на раката, се здебелив и имав 83 килограми, а сега имам 53 – рекла Деа.

Водителката го открила и менито коешто сега го практикува за да го задржи сегашниот изглед.

Имам три оброци и две закуски. За појадок земам двопек, сирење или јајца и сезонска салата. Мојот ручек се состои од варено јадење или риба, а за вечера јадам месо на скара. Помеѓу оброците имам две закуски и тогаш јадам по едно јаболко – изјавила Деа за медиумите.

Dea Đurđević
Фото: Принтскрин

„Кога си на работ да изгубиш сѐ, многу повеќе го цениш она што го имаш. Ја ценам својата рака, без оглед на сѐ. Секој треба да ги сака своите лузни. Толку многу луѓе во светот постојат кои своите лузни ги носат гордо, зошто да не ги носам и јас така? Ми кажаа дека можам ласерски да ги отстранам, но навистина не гледам потреба за тоа. Важно е што сѐ е функционално. Најголема лузна имам на бутот, од кој ми ја отстранија кожата, но за неколку месеци сѐ ќе помине. Другите ќе останат мои за цел живот. Овие на раката се големи, но не ми пречат. Моите лузни се симбол за мојата победа“, изјави Деа во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот