ФОТО | Северина со синот ужива во морски специјалитети: Пејачката објави нови фотографии од Истра

Фото: Instagram / severina

Изминатиов период хрватската пејачка Северина имаше многу работни ангажмани, меѓу кои и спектакуларниот концер кој се одржа во Скопје.

Сосема заслужено, пејачката отпатувала на прекрасната Истра, каде решила да помине подолг период со семејството и блиските пријатели.

Фото: Instagram / severina

Со неколку фотографии Северина ја покажа убавата природа на Истра, а овој пат се пофали дека го посетила Лимскиот залив, место каде се размножуваат школки.

Фото: Instagram / severina

„Истра е полна со секакви убавини, па едноставно е срамота да не одам со моите драги луѓе на Лимскиот залив, кој е важно место за размножување школки. Неговото име доаѓа од латинскиот збор ‘limes’ = граница (границата минува таму во римскиот период)“, напишала таа покрај фотографиите.

Фото: Instagram / severina

На фотографиите покрај нејзиниот син Александар се присутни и дизајнерката Матија Вуица и нејзината внука Миа Поповиќ.

Фото: Instagram / severina

ФОТОГАЛЕРИЈА | Северина направи музички земјотрес во Скопје и ни порача да ја чуваме Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот