ФОТО | Романсата се вжештува: Ирина Шајк и Том Брејди 48 часа не излегле од отмен хотел во Лондон

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешниот НФЛ првак Том Брејди (46) и рускиот топ модел Ирина Шајк (37) наводно два дена биле затворени во отмениот хотел „Твенти ту“ во Лондон, што е повеќе од очигледна причина дека гласините за нивната романса продолжуваат да се вжештуваат.

Том и Ирина биле снимени на иста луксузна локација од недела до вторник, како се одјавуваат од различни влезови со разлика од само пет минути, пишува порталот „Пејџ сикс“.

Брејди е фотографиран како излегува од хотелот облечен во црна маица, фармерки, патики и чанта, а наводно од хотелот тргнал кон аеродромот за да одлета од Англија. Ирина Шајк, пак, носела маица, кратки панталони, чизми до колена, мантил и очила за сонце. Во моментот на снимањето, Ирина зборувала на мобилен телефон.

 

Ирина и Брејди првпат беа уловени заедно во јули, кога беа забележани како се бакнуваат во автомобил на Брејди откако манекенката ја поминала ноќта во куќата на спортистот во Лос Анџелес.

Брејди го финализираше разводот од манекенката Жизел Бундшен во октомври 2022 година. Жизел и Брејди во брак беа 13 годинии, во кој ги добија синот Бенџамин (13) и ќерката Вивиен (10). Брејди го има и синот Џек (15) од претходната врска со актерката Бриџит Мојнахан.

Од друга страна, Ирина Шајк и 48-годишниот актер Бредли Купер, кои се родители на шестгодишната ќерка Леа, раскинаа во јуни 2019 година, по четири години врска.

„Смрт на мојот сон“: Жизел Бундшен за првпат проговори за разводот со Том Брејди

ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот