ФОТО | Ријана и Ејсап Роки за првпат споделија фотографии од вториот син

Фото: Instagram/ bapgalriri

Ријана и Ејсап Роки се трудат нивниот семеен живот да остане приватен, па на социјалните мрежи ретко објавуваат фотографии од нивните деца. Нo, oвојпат тие одлучија да ги споделат првите фотографии од нивниот втор син Рајот Роуз, преку серија семејни фотографии.

Фото: Instagram/ bapgalriri

За време на фотосесијата со познатиот моден фотограф Мајлс Дигс, познат по своето професионално име Дигзи, парот за првпат позираа во јавност со нивните два сина РЗА Ателстон и Рајот Роуз, кој дојде на овој свет минатиот месец.

Фото: Instagram/ bapgalriri

Наместо традиционални семејни портрети, двeте музички ѕвезди решија фотографиите да ги направат како папарацо-снимки, а се облекоа во модни комбинации, инспирирани од уличниот стил.

Фото: Instagram/ bapgalriri

За фотографиите Ријана одлучила да комбинира хеланки со темносини чизми и тексас јакна, а Ејсап кој лежерно позира на автомобилот е облечен во бела маица, тексас фармерки и широка кошула.

Фото: Instagram/ bapgalriri

Инаку, познатата пејачка  и нејзиниот партнер го добија своето второ дете минатиот месет, таа се породи во тајност. Веста за бременоста ја објави во февруари годинава, за време на нејзиниот настап во полуфиналето на Супер Боул.

„Дали тајно се венчале?“: Ријана и Ејсап Роки ги поттикнаа гласините за брак

Откриено името на вториот син на Ријана и Ејсап Роки: Повторно е необично

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот