ФОТО | Принцот Чарлс ѝ „чувал“ грб на саканата Камила: Плаќал телохранители и пред да стапат во брак

Принц Чарлс/Камила
Images / Eyevine / Profimedia

Кралското семејство периодов е во „торнадо“ од драми и скандали и сагата очигледно има продолженија. Последно беше проблематичното појавување на премиерот Борис Џонсон на забава ноќта пред погребот на принцот Филип, кога Велика Британија имаше изречено најстрога изолација.

И принцот Хари не остана покус – имаше жестока дебата во Кралството по неговата изјава дека му е страв да ги донесе Меган Маркл и децата во Велика Британија, барајќи полициска заштита, но и дека ќе плати за истото додека престојуваат во родната му земја. Тој и Меган го загубија правото на полициска заштита затоа што се повлекоа од кралските должности и се преселија во САД.

Повлече линија: Принцот Хари се заканува со тужба доколку тој и неговото семејство не добијат полициска заштита во Велика Британија

Но, платеното обезбедување сега е тема на британските медиуми, кои открија досега непознат факт!

Тоа е дека принцот Чарлс плаќал приватно обезбедување за Камила, неговата сегашна сопруга, која не е баш омилена личност во Англија, откако се откри дека тој имал афера со неа додека беше во брак со покојната принцеза Дијана. По смртта на Дијана, тие се венчаа на скромна свеченост, но Камила никогаш не доби доволно симпатии од јавноста.

Камила, сега со титула војвотка од Корнвол, имала платено обезбедување од 2000 година, кога не беше во брак со принцот Чарлс. Тие се венчаа во 2005, а според извештај од 2002 година, Чарлс лично им плаќал на двајца телохранители кои работеле по осум часа дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот