ФОТО | Прекрасна трудница: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ќе станат родители по четврти пат

Блејк Лајвли
Блејк Лајвли на годинашното издание на „Forbes Power Women’s Summit“ / 15 септември 2022 / Фото: Profimedia

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои важат за еден од најубавите парови во Холивуд, ќе станат родители по четврти пат.

Лајвли вчера присуствуваше на годинашното 10. издание на „Forbes Power Women’s Summit“, настан посветен на успешните жени во светот на бизнисот.

Убавата актерка продефилира на црвениот тепих во краток златен фустан на модната куќа „Валентино“, но тоа што го привлече вниманието на присутните беше нејзиното трудничко стомаче.

Фото: John Angelillo / UPI / Profimedia
Фото: Splash/Kristin Callahan / SplashNews.com / Splash / Profimedia
Фото: Splash/Kristin Callahan / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Лајвли и Рејнолдс се запознаа за време на снимањето на филмот „Зелениот фенер“ во 2010 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска во октомври 2011 година, а стапија во брак на 9 септември 2012 година.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли со нивните ќерки, Џејмс и Инез / 15 декември 2016 / Фото: EPA/MIKE NELSON

Тие веќе имаат три ќерки – седумгодишната Џејмс, петгодишната Инез и двегодишната Бети. Двојката не крие колку им е важен семејниот живот и дека целат кон тоа нивните деца да имаат нормално детство.

„Сакам моите деца да имаат нормален дневен распоред. Кога Блејк снима, јас се грижам за децата и обратно. На тој начин правиме компромиси. Никогаш не сме работеле во исто време“, Рајан откри во едно интервју.

ФОТО+ВИДЕО | Реакцијата на Рајан Рејнолдс кога ја здогледа Блејк Лајвли на Мет галата е вистински хит на Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот