ФОТО | „Повторно ќе се мажи?“: Џенифер Анистон се појави со голем дијамантски прстен на раката и ги поттикна гласините за свршувачка

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Американската актерка Џенифер Анистон (55) ги поттикна гласините за потенцијлна свршувачка откако се појави на годинашното доделување на наградите САГ со огромен дијамантски прстен на левата рака. Патем, 55-годишната актерка беше номинирана за улогата во „Утринската емисија“ („The Morning Show“), но наградата ѝ припадна на Елизабет Дебицки од серијата „Круната“ („The Crown“).

Анистон, исто така, се качи на сцената со колегата Бредли Купер за да ѝ ја додели наградата за животно дело на Барбра Стрејсенд. Таа го привлече вниманието во тесен сребрен фустан со длабоко деколте и шлиц до бутовите.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Сепак, највпечатлив дел од нејзиниот изглед беше накитот, а прстенот што ѕвездата на „Пријатели“ („Friends“) го носеше на раката ги привлече сите погледи. Нејзиниот љубовен статус не ѝ е познат на јавноста, со оглед на тоа што во последните пет години не била романтично поврзана со никого.

Фото: EPA

Да потсетиме, Џенифер Анистон зад себе има два брака. Првиот пат се омажи за Бред Пит во 2000 година, но парот се разведе во 2005 година бидејќи се појавија гласини дека актерот имал афера со неговата колешка од филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“ („Mr. and Mrs. Smith“), Анџелина Џоли. По некое време, Пит и Џоли ја официјализираа врската, а потоа и стапија во брак.

По Пит, Анистон се сврши со Џастин Теру во 2012 и се венчтаа три години подоцна, но се разделија во 2018 година.

Претходно, таа беше во врска со уште неколку познати мажи – Пол Руд, Тејт Донован, Винс Вон и Џон Мајер.

Џенифер Анистон и Бред Пит / Фото: EPA/DEBBIE VANSTORY

И покрај бројните врски кои немаа среќен крај, актерката е оптимист дека повторно ќе ја пронајде љубовта во своите 50-ти.

„Џен верува дека, на крајот, ќе ја запознае вистинската личност“, изјави извор за „Ју-ес викли“ минатото лето.

Но, изворот додаде дека ако никогаш повеќе не најде љубов, Анистон ќе биде добро.

„Нема да ‘гризе’ ако не ѝ се случи (љубов). И самата ѝ оди добро. Џенифер е одлична. Таа е среќна, здрава, има исполнета кариера, го има своето семејство и пријателите. Поминала низ многу, но се чувствува благословена што оди напред – и лично и професионално“, додаде изворот.

Во ноември 2022 година, Анистон и самата призна дека „би сакала повторно да биде во врска“, но исто така додаде дека „не е заинтересирана повторно да се омажи“.

„Никогаш не вели никогаш, но немам голема желба повторно да пропешачам до олтарот“, изјави таа за „Алур“.

Џенифер Анистон
Џенифер Анистон на насловната страница на „Алур“ / Фото: Инстаграм/„Алур“

Сепак, таа призна дека сè уште ќе биде отворена за љубов бидејќи да се биде сингл понекогаш може да биде предизвик.

„Би сакала да бидам во врска. Кој знае? Има моменти кога знам да си кажам: ‘Ми треба поддршка’. Би било прекрасно да се вратиш дома, да паднеш во нечии прегратки и да му кажеш: ‘Ова беше тежок ден’“, рече актерката, но и појаснила дека не сака да започне нова врска додека не поработи на себе и на своите поранешни трауми.

„Тоа не би било фер. Не сакам да се вселам во куќа без ѕидови”, додаде таа.

Исто така, Анистон објасни дека на нејзиниот љубовен живот негативно влијаел и горчливиот развод на нејзините родители, Џон Анистон и Ненси Дау. Тие се венчале во 1965 година, се раздеелиле кога актерката имала само девет години и се развеле во 1980 година. Таа призна дека нејзините „тешки искуства од детството“ не ја натерале очајно да каже: „да“.

Актерката рече дека сега е фокусирана на тоа да не ги жртвува сопствените желби за да задоволи друга личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот