ФОТО | Петровска: Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница

Ана Петровска
На средбата со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари се дискутирало за повеќе проблеми / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето таканаречени фантоми, но и образование и преквалификација за вработување, порачува Ана Петровска, кандидат на „Зелен хуман град“ за градоначалник на Скопје.

На средбата со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари се дискутирало за повеќе проблеми, помеѓу кои непостоењето на атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, како и тоа дека повеќето куќи немаат пристап за противпожарно или амбулантно возило.

– Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи. Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град, истакнала Петровска.

Горјан Јовановски
Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот