ФОТО | Огњен Амиџиќ ја однесе новата девојка на Санторини: Мина го покажа сексапилното тело

Фото: Instagram

Српскиот водител Огњен Амиџиќ навистина ужива со својата нова девојка Мина Наумовиќ,со која речиси секој месец оди на ново патување. По Малдивите и Лисабон, на крајот од јули, парот се одлучи за бајковитиот Санторини, а на оваа луксузна грчка дестинација максимално го користат времето за одмор.

Фото: Instagram/ callmenaumi
Фото: Instagram/ callmenaumi

Од уживање на плажа, до ручеци во најубавите ресторани, се чини дека Огњен и Мина живеат вистинска магија. Атрактивната Мина редовно го споделува секој момент од престојот на Санторини, а покажа и како изгледа во бикини и откри дека никогаш не била посреќна.

Фото: Instagram/ callmenaumi

На својот Инстаграм профил и водителот Амиџиќ секојдневно споделува фотографии и кратки видеа од локациите кои ги посетуваат и погледот кон плажата од терасата и целиот луксузен комплекс каде што престојуваат.

Фото: Instagram/ callmenaumi
Фото: Instagram/ognjenamidzic

Инаку, Амиџиќ минататата година ја изненади јавноста, кога соопшти дека ќе се разведе од сопругата Данијела Димитровска, со која беше во брак нешто повеќе од десет години. Српските медиуми пишуваат дека новата врска на водителот е толку стабилна што најверојатно наскоро со Мина ќе застанат пред олтарот.

ФОТО | Огњен Амиџиќ реагира на прозивките за новата девојка: „Мина е 100 отсто природна, нема ни грам пластика“

ФОТО | Огњен Амиџиќ има нова љубов: Вака изгледа новата партнерка на популарниот водител

ФОТО | Огњен Амиџиќ има нова љубов: Вака изгледа новата партнерка на популарниот водител

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот