ФОТО | Никол Шерцингер и Том Еванс уживаат на својот летен одмор: Ги поздравија обожавателите од грчкиот остров Миконос

никол шерцингер
Фото: Притнскрин / Instagram

Никол Шерцингер летово го користи максимално. Со своето момче Том Еванс пропатуваа од Португалија, Монако, Италија, па сега пристигнаа и во Грција.

И покрај тоа што пред 24 часа биле на езерото Комо во Италија, Шерцингер и Еванс во четвртокот пристигнале на Миконос. Како си поминуваат за време на нивните бројни летни авантури, може да се забележи од објавите на социјалните мрежи.

Овој пат, 43-годишната пејачка сјаје во кристално сина сцена додека позира во нејзиниот приватен базен.

„Здраво Миконос… ајде да го направиме ова! Уште едно кратко патување за да ги завршиме роденденските прослави!“, напиша ѕвездата во својата објава.

Поранешниот рагби играч го покажа своето извајано тело позирајќи до Никол. Пејачката сподели и фотографија на која парот позира над езерото Комо.

„Не сака ништо повеќе од тоа да биде покрај вода…“, пејачката напиша во описот на една фотографија.

На почетокот на оваа недела, Том ѝ оддаде неверојатна почит на својата партнерка за да го одбележи нејзиниот роденден.

ФОТО | Никол Шерцингер наполни 43 години: Кој би погодил?

Покрај објавата, Том напиша: „Се надевам дека твојот роденден е исто толку убав и полн со љубов како што си ти, Никол многу те сакам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thom Evans (@te11)

Двојката во последно време е на европска авантура. Никол го запозна Том во 2019 година на снимањето на „The X Factor: Celebrity“. Тој се натпреваруваше во групата „Try Star“ заедно со колегите спортисти Бен Фоден и Леви Дејвис.

За нив се вели дека гледаат кон иднината и имаат намера да купат имот заедно во Лондон. Еден пријател близок до парот неодамна за „Сан“ откри дека Никол и Том се вљубени како тинејџери, но секако и дека воделе сериозни разговори за сè, од брак до деца.

„Никој не би бил изненаден ако слушнеме некои новости за бебе во наредните месеци“, изјавил изворот додавајќи дека Том моментално живеел со неговиот брат во Лондон, но едвај чекал да започне заеднички живот со Никол, а имено парот барале да купат заедничка куќа по пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот