ФОТО: Некој ги скрши апчињата „Идентитетол“ поставени во центарот на Скопје како инсталација

Фото: Фејсбук

Демолирана е инсталацијата со таблети „Идентитетол“, која беше поставена утрово во центарот на Скопје.

Уметничката инсталација „Идентитетол Форте“, а како што појаснија креаторите на идејата, инсталацијата во форма на кутија со лекови го прикажува „апсурдот во кој е заглавена Македонија“.

Фото: Фејсбук

„При секоја криза во Македонија, елитите веднаш посегнуваат кон приказните за загрозеност на идентитетот, иако со поскапувањата на храната и енормните цени на енергенсите на сите ни е загрозена голата егзистенција, на народот му се пласираат тези за загрозеност на идентитетот“, велат креаторите.

Инсталацијата издржа само неколку часа, пред непознати сторители, на кои веројатно не им се допаднала пораката, да ја урнат и искршат.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот