ФОТО | Најубавиот фустан што го носеше кралицата Летиција е инспириран од незаборавната тоалета на принцезата Дијана?

Фото: Профимедиа

Кралицата Летиција, исто како и принцезата Дијана, е позната по нејзините модерни модни комбинации кои често не се во согласност со кралскиот протокол.

Кралицата Летиција минатата недела носеше фустан со отворен грб, кој многу членки на кралското семејство не се одлучуваат да го носат поради кралскиот протокол. Не и доколку сте принцезата Дијана.


Шпанската кралица е веројатно една од најмодерните кралски дами во светот, храбра е во своите модни избори и обожава „исечени“ детали.

Како што пренесува британски „Експрес“, фустанот со отворен грб кој таа неодамна го носеше веројатно е инспириран од фустанот што го носеше покојната принцеза Дијана, а која и на креациите со деколте и отворен грб им даваше посебна доза на стил.

Непрежалената принцеза Дијана една таква прекрасна тоалета носела во март 1985 година, кога присуствувала на модната вечер на дизајнерот Брус Олдфилд во Лондон.

Фото: Профимедиа

Овој прекрасен сребрен фустан со отворен грб го креирал самиот Брус Олдфилд, а наводина леди Ди на дизајнерот при креирањето на фустанот му рекла дека сака да го направи гламурозен.

Модниот магазин „Вог“ тогаш напиша дека Дијана изгледа како „холивудска ѕвезда од златната ера во сребрена плисирана тоалета“.

Задниот дел на фустанот привлече најголемо внимание бидејќи имаше исечен голем триаголник и наметка која паѓала од половината на подот.

Фото: Профимедиа

Дијана исто така го носела овој фустан за време на нејзината посета на Мелбурн во ноември истата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот