ФОТО | Најмладиот од Бекамови го прослави 18-тиот роденден и доби луксузен подарок

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Бекамови не пропуштаат да ги одбележат важните датуми од нивната животи. Викторија и Дејвид секогаш јавно ја искажуваат љубовта и почитта еден кон друг, а тоа го пренесуваат и на нивните деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Круз Бекам, најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, го прослави својот 18-ти роденден во паб со чаша пиво наздравувајќи со својот татко и еден од браќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)


Младиот пејач се пофали и со роденденскиот подарок, часовник од луксузната марка „Ролекс„ од чисто злато додека го пиеше својот прв дозволен пијалок со таткото Дејвид и постариот брат Ромео во еден лондонски паб.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Препознатливиот златен ремен и синиот бројчаник на часовникот укажуваат на тоа дека раскошниот роденденски подарок е „Rolex Submariner Date„ – достапен на официјалната веб-страница на луксузниот бренд за 32.000 фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)


Викторија и Дејвид започнаа да се состануваат во 1997 година, а стапија во брак две години подоцна. Тие заедно имаат четири деца: 23-годишниот Бруклин, 20-годишниот Ромео, 18-годишниот Круз и 11-годишната Харпер.

ФОТО | Тетоважа „те сакам“, илјада и една роза и стари фотографии: Бекамови го прославија Денот на вљубените

ФОТО | Снаата на Бекамови слави роденден: Викторија испрати честитка до Никола Пелц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот