ФОТО: Најдобрите македонски фудбалери тренираа на стадионот „Олимпико“ во Рим

фото: ФФМ

В петок најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра против Италија од 20.45 часот во рамките од квалификациите за ЕП 2024.

Нашиот селектор Благоја Милевски вели дека утрешниот меч е посебен и дека за позитивен резултат неговите играчи ќе мора да одиграат на највисоко можно ниво.

Македонските фудбалери тренираа на стадионот „Олимпико“ во Рим каде што ќе се игра натпреварот, а како што најавија од италијанската фудбалска федерација продадени се до сега 47.000 илјади билети, а сигурно се очекува бројот на гледачи да се зголемува до стартот на натпреварот.

Покрај резултатот 1:1 во Скопје од овој квалификациски циклус, Македонија и Италија имаат одиграно меѓу себе уште три натпревари.

Во квалификациите за СП 2018 дома бевме минимално поразени со 2:3, а во Торино ремизиравме 1:1. Во баражот за СП 2022 во Палермо триумфиравме со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот