Милевски: Не сме дојдени како туристи, новиот меч против Италија е посебен

Фото: FFM

Македонската фудбалска А репрезентација е во Рим каде што в петок од 20.45 часот на стадионот „Олимпико“ ќе го игра својот претпоследен натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 против Италија.

Нашиот селектор Благоја Милевски очекува да се даде сето најквалитетно што е од репрезентацијата за да се продолжи тоа што е почнато од септемврискиот и октомврискиот циклус, а тоа е дека се создава млад тим кој ќе биде конкурентен во следните четири-пет години.

На добар пат сме, и момците што добиваат сè поголема минутажа, го оправдуваат тоа внимание и затоа се и тука во националниот тим.

Резултатот 1:1 од Скопје против Италијанците покажува дека нашите најдобри фудбалери може да бидат конкурентни, иако имаме млад тим, млади играчи, на нив самите е да покажат до каде може да биде нивниот лимит.

– Кога работиш како спортски работник, нормално е дека очекуваш да имаш успешен настап и успешна работа. Не се менува ништо и во овој случај, затоа сме тука. Не сме дојдени како туристи, туку да извлечеме што е можно повеќе, максимум и од нас и од утрешниот натпревар. Секој натпревар е посебна приказна за себе, така што ни еден меч не наликува на оној претходниот и не може да наликуна на она што ни следи. Овој меч што го имаме утре е посебен, сам по себе носи убавина и секако тежина. Може немаме некој резултатски императив, но од друга страна кога играте за својата држава, секогаш мора да го дадете својот максимум. Пред нас е еден навистина квалитетен противник, кој е во Топ 3 репрезентации во светот. Доколку сакаме позитивен резултат, мораме да бидеме на највисоко можно ниво, тактички, физички и психички – вели Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот