ФОТО | НА НАДЛЕЖНИТЕ „НЕ ИМ ЧУЕ“: Плоштадот „Македонија“ повеќе од една година е во очајна состојба

Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Искршени и расклатени плочки, подна фонтана која не работи цела година, искршени делови на фонтаната „Воин на коњ“, таква е сликата на плоштадот „Македонија“ во последните година дена.

Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски

И плоштадот „Филип Втори“, од другата страна на Вардар преку Камен Мост по нецели десетина години од неговото уредување е запуштен, со расклатени и дел искршени плочки, а просторот пред објектот на Министерството за транспорт и врски, остана непоплочен и откако заврши реновирањето на зградата на ова министерство.

Плоштад Филип Втори, Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

За тоталната негрижа за она во што се вложени милиони евра никој не одговара ниту се чувствува надлежен. Како инаку, Град Скопје и Општина Центар може да дозволат двата плоштади да се наоѓаат во ваква очајна состојба?

Колку за потсетување, сите гости од странство, кои секако сакаме да ги привлечеме во нашиот град, прво нешто што посетуваат е градскиот плоштад и плоштадот „Филип Втори“, преку кој всушност се влегува во Старата чаршија. Недозволиво е нивното санирање и доведување во пристојна состојба на надлежните да им се на „крајот од умот“.

Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Плоштад Македонија, Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот