ФОТО | На 90 години: Американка дипломирала 71 година по запишувањето на факултет

Фото: Принтскрин/ Твитер

Американката Џојс ДеФау во 90-тата година од животот конечно ја зеде дипломата во свои раце, дури 71 година откако се запишала во прва година на факултет.

Џојс ДеФау, потоа Џојс Виола Кејн, ја започнала првата година на Универзитетот во Северен Илиноис во 1951 година со планови да стекне диплома по економија.

Меѓутоа, тие планови се промениле кога ДеФау го запознала својот прв сопруг во црква, рекла таа за „Си-ен-ен“.

„Одев на училиште три и пол години, но решив да се откажам откако го запознав“, изјавила Џојс.


Нејзиниот сопруг се викал Дон Фриман. Двајцата се венчале во 1955 година и имале три деца пред да почине Фримен, оставајќи ја вдовица околу пет години. ДеФау на крајот повторно се омажила за вториот сопруг, Рој ДеФау. Заедно добиле шест деца, вклучително и два пара близнаци.

Со текот на годините нејзиното семејство се зголемило и таа сега има 17 внуци и 24 правнуци. Во 2019 година, ДеФау покажа интерес за факултетското образование што го оставила зад себе.

„Претпоставувам дека спомнав дека сум вознемирена што не го завршив училиштето и моите деца ме охрабрија да се вратам“, рекла таа, па повторно се запишала на Универзитетот и почнала да посетува настава.


Членовите на нејзиното семејство ѝ биле поддршка, а наместо да оди до кампусот за да посетува настава, таа го правела тоа преку онлајн од својата соба.

„Тоа беше мојот прв компјутер“, рекла ДеФау, „моите деца мораа да ме научат како да го користам“.

„Имаше моменти кога сакав да се откажам, но не го сторив тоа“, рекла ДеФау, па открила дека и директорката за основни студии, Џуди Сантакатерина, исто така ѝ била од голема помош.

ДеФау посетувала по еден час секој семестар, вклучително и во текот на летото. Сега, три години подоцна, таа добила диплома за основни студии на Универзитетот.

Таа истакнува дека е благодарна што имала можност да се врати на училиште и да стекне диплома: „Убаво е да завршиш нешто што си го започнала“, рекла таа и ги советувала другите: „Не се откажувајте, знам дека може да биде тешко, но сè во животот има свои подеми и падови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот