Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија / Фото: Министерство за одбрана

ФОТО | Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија

Македонски контингент од околу 280 војници со формациска опрема, вооружување и возила, меѓу кои и новите лесни оклопни возила JLTV денеска (21 август) во штипската касарна „Јане Сандански“ беше свечено испратен на воената вежба „Saber Junction 25“ која се реализира во Хохенфелс, Германија.

Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија / Фото: Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој присуствуваше на настанот, на војниците им порача да бидат горди што ја носат армиската униформа и што ја претставуваат државата пред сојузниците.

„Ви посакувам многу здравје, покажете дека се носиме со сите земји и дека можеме да покажеме квалитет“, рече министерот.

Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија / Фото: Министерство за одбрана

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски порача дека првпат од постоењето на Армијата формација од ваков состав, зајакната чета со сите елементи на маневар, на борбена поддршка и на самоодржливост ќе биде распоредена на вежба.

Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија / Фото: Министерство за одбрана

Македонскиот контингент, кој е најголем досега кој учествувал на оваа серија вежби, е дел од Лесната пешадиска баталјонска група, што претставува можност за дополнителна подготовка пред претстојното оценување на борбената готовност следната, 2026 година.

Македонски контингент испратен на воена вежба во Германија / Фото: Министерство за одбрана

Освен развојот на интероперабилноста со сојузниците, едни од главните цели на вежбата се и извежбувањето на начинот на распоредување на поголема единица надвор од територијата на државата преку реализација на стратегиски транспорт до местото каде што ќе се одржи вежбата како и самоодржливост и логистичка поддршка за време на реализацијата на вежбата.

На вежбата „Saber Junction 25“ која е во организација на Командата на американската армија за Европа и Африка, учество ќе земат голем број на сојузници од НАТО и партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот