ФОТО | Македонската „Ѕвезда на Гранд“ повторно е бремена! Бебето пристигнува во септември

Фото: Инстаграм

Македонско-српската брачна двојка Елена Миленковска и Александар Гуте Маринковиќ имаат одличен повод за славење. Ќе станат родители по вторпат!


Оваа брачна двојка, која се запозна благодарение на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

„Љубовта е посилна! Бебе, се гледаме во септември!“, навел Гуте, заедно со објавените фотографии на кои ја држи својата сакана сопруга и колешка, додека таа во раката држи снимки од ултразвукот.

„Татко по втор пат! Драг Боже, колку сум ти благодарен. Се сеќавате дека имав роденден пред два месеца? Вака изгледаше изненадувањето што ми го приреди мојата сопруга. Бебе, се гледаме во септември! Те сакаат мама, бато и тато!“, рекол Гуте со објавеното видео на кое се гледа како Елена ги покажува резултатите од тестот.

И Елена ја сподели истата фотографија за среќната веста и по тој повод напиша:

„Отсекогаш сонував за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа сум благодарен за овој подарок! Ќе станеме родители по вторпат, а Макса ќе добие братче или сестричка. Бебе, едвај те чекаме. Те сакаат мама, тато и бато.“


Да потсетиме, Елена и Гуте веќе имаат син по име Максим.

Инаку, Елена и Гуте славеа годишнина од бракот на специфичниот датум – 22.02.2022.

Нашата пејачка Елена Миленковска и српскиот пејач Гуте станаа родители: Во Белград се роди Максим! (ФОТО)

„Животот ми се промени…“: Пејачката Елена Миленковска се повлекува од натпреварување во „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот