Нашата пејачка Елена Миленковска и српскиот пејач Гуте станаа родители: Во Белград се роди Максим! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Утрово во Белград се породи младата пејачка Елена Миленковска, која македонската јавноста имаше прилика да ја запознае пред неколку години со неколку нејзини авторски песни, а подоцна ја видовме и на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“.

Токму во ова музичко натпреварување Елена го запозна својот сопруг, српскиот пејач Гуте Маринковиќ.

Нивната љубов пред неколку месеци беше крунисана со брак, а денеска тие станаа и родители.

Во Белград се роди нивниот наследник Максим. Елена не чекаше многу, па веднаш сподели фотографија неколку часа по породувањето…

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот