ФОТО | Мајката на Били Ајлиш блесна на наградите Греми во креација на сараевски дизајнерки

Фото: Valerie Macon / AFP / Profimedia

Веќе е познато дека Били Ајлиш е многу блиска со своите родители и дека нејзината мајка Меги Берд ја придружува насекаде. Така беше и на доделувањето на музичките награди Греми.

Били Ајлиш со нејзиниот хит „What Was I Made For?“ освои Греми за песна на годината, а оваа балада е напишана за филмот „Барби“ (Barbie).

Били ја напиша песната со братот Финес О’Конел, а поддршка им пружија гордите родители Меги Берд и Патрик О’Конел.

Мајката на познатата пејачка носеше креација на босанскиот моден бренд „Кафтан студио“.

Инаку, креациите на дизајнерското модно дуо Нермина Хоџиќ и Емина Хоџиќ Адиловиќ низ 20 години работење досега ги носеле бројни познати личности на различни настани како што се наградите Оскар и Златен глобус.

За потсетување, Ајлиш во текот на својата кариера е омилена на доделувањето на наградите Греми, па во 2024 година влезе со седум награди и 25 номинации. Таа доминираше на Греми во 2020 година, освојувајќи ги сите четири главни награди – за албум, песна, снимка и за најдобар нов изведувач.

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

66. издание на наградите Греми: Тејлор Свифт, Били Ајлиш и Мајли Сајрус ја одбележаа вечерта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот