ФОТО | Мадона се прости од својот брат со трогателна фотографија и порака

Фото: EPA/Profimedia

Поп-кралицата Мадона се прости од нејзиниот постар брат Ентони Чиконе, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Таа му оддаде почит на својот починат брат, сеќавајќи се на неговта мудрост, неговите омилени писатели и музичките препораки кои ѝ ги давал на својата сестра.

„Ти благодарам што ме восхитуваше уште коа бев девојче, запознавајќи ме со Чарли Паркер, Мајлс Дејвис, будизмот, таоизмот, Чарлс Буковски, Ричард Бротиган, Џек Керуак, и експанзивното размислвање без ограничувања“, напиша Мадона, во своето сеќавање на Ентони.

Во сликата која ја постираше во понеделникот наутро, Мадона е во друштво на повеќе луѓе, меѓу кои е и нејзиниот брат Ентони.

Фото: Инстаграм/Мадона

Како потсетување, Ентони долго време се бореше со алкохолизмот, а пред повеќе од десет години беше објавено дека со години живее под мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Мадона, која е родена во Мичиген од родители католици, пораснала во предградијата на Детроит со пет браќа и сестри, од кои најстариот бил Ентони, роден две години пред неа во 1956 година.

Иако Мадона се преселила во Њујорк во 1978 година за да се занимава со танц и да се впушти во она што прерасна во исклучително успешна кариера, Ентони главно живеел во Мичиген, работејќи одвреме-навреме за нивниот татко, пред да стане жртва на алкохолизам и бездомник.

Братот на Мадона доаѓаше во судир со законот, па во 2013 година се здоби со повреди откако се спротивстави на апсењето во јавен тоалет кога е и направена оваа фотографија.

Фото: Профимедиа

Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле. Мадона му помагала на различни начини и му го платила престојот на рехабилитација во Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот