ФОТО | Мадона објави фотографија со нејзиниот 92-годишен татко: Ти благодарам што не ме разгали

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Мадона

Мадона ја покажа својата љубов кон нејзиниот 92-годишен татко Силвио, споделувајќи слика на нејзиниот Инстаграм профил во вторникот. Заедно со сликата додаде три сини срциња и напиша „Те сакам тато“, пишува „Дејли мејл“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Мадона

Ова не е првпат пејачката да објавува фотографија од нејзиниот татко. Во јуни минатата година, таа сподели селфи и слика од нејзиниот татко кога тој бил млад на Инстаграм. Таа ја објави фотографијата само неколку дена откако објави видео во кое им кажува на фановите што да очекуваат на нејзината светска турнеја од 84 концерти.

„Среќен Ден на сите татковци таму. Но, најмногу на татко ми, Силвио, кој еднаш ми рече дека ќе оди додека не му паднат тркалата! Исто и јас! Ти благодарам за твојата непопустлива работна етика и љубов и што одбиваше да ме разгалиш на кој било начин. Ме научи како да бидам борец. Засекогаш сум ти благодарна. Но и многу уморна“, напиша пејачката во објавата на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Мадона

Нејзината турнеја започна на 14 октомври 2023 година во О2 Арената во Лондон и треба да заврши на 26 април 2024 година во Паласио де лос Депортес во Мексико Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот