ФОТО | Луксузен стан во центарот на Москва: Сопругата на Милош Биковиќ објави прекрасни фотографии, глетката е нереална

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата сопруга Ивана Малиќ неодамна станаа родители, а приватниот живот се трудат да го држат подалеку од очите на јавноста.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Ивана повремено споделува фотографии со синот Василије на социјалните мрежи, а парот живее помеѓу Белград и Москва со својот наследник.

Кога престојуваат во Србија, Милош и Ивана уживаат во луксузниот стан во Белград, а сега Ивана покажа каде живеат кога се во Русија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Имено, сопругата на Биковиќ сподели нереална глетка од терасата на станот во кој живеат во Москва и со тоа ги распамети своите следбеници. Од нивниот прозорец се пружа прекрасен поглед на прочуениот Црвен плоштад во Москва.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Сезоната на терасата во Москва официјално е отворена“, напиша Ивана во описот на фотографијата.

Ивана во јануари исто така објави фотографија со поглед на градот, но тогаш од станот во Белград. Од нивниот прозорец се пружа прекрасен поглед на Калемегдан, а целата глетка ја разубавил снегот, кој паднал претходната ноќ.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

ФОТО | Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак: Адвокатката изгледа прекрасно

 

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот