ФОТО | Купила пилешко на пазар во Нови Сад, се ужаснала кога го пресекла!

Новосаѓанка на социјалните мрежи објави што доживеала откако купила пилешко на Рибниот пазар во тој град, пишува „Нова.рс“.
Имено, таа на Твитер објавила фотографија од пилешко филе кое нејзината ќерка го купила на Рибниот пазар од регистриран продавач каде што секогаш купува. Меѓутоа, кога го пресекла парчето месо, се изненадила од она што го видела внатре.
Ћерка купила пиле данас на Рибљој пијаци код регистрованог продавца, где увек купује.
Да га исече, кад…😱
Зна ли неко шта је ово?!
Шта нам ово раде људи моји?! pic.twitter.com/MqgBLN0NCz— Јелена🌿 (@jela_m_lazic) April 26, 2023
„Ќерка ми купи пилешко денес на Рибниот пазар од регистриран продавач, каде што секогаш купува. Го пресекла, и кога… Знае ли некој што е ова?! Што ни прават овие луѓе?!“, напишала таа на Твитер со приложената фотографија која предизвика бројни реакции кај твитерџиите.
На прв поглед изгледа како да е во прашање некакво полнење на филето, меѓутоа, еден корисник на социјалните мрежи објаснил дека се работи за болест на зелените мускули поради пребрзо товење на живината. Тој додал дека месото е неисправно бидејќи во прашање е инфекција и дека мора да го врати и да пријави во инспекција.
Bolest zelenih mišića zbog prebrze utovljenosti. Meso neispravno jer je u pitanju infekcija. Obavezno vratiti i prijaviti inspekciji.
— dr Sava vet… (@DrSaVet13) April 26, 2023
Други напоменале дека оваа состојба на месото може да се појави и кога месото повеќепати се одмрзнува и замрзнува.
„Ако белото месо од пилешкото внатре е со зелена боја, тоа укажува на присуство на бактеријата Pseudomonas fluorescens во месото. Оваа бактерија може да се појави кога месото се чува долго време на температури меѓу 4 степени Целзиусови и 10 степени Целзиусови или ако месото не се чува на доволно ниска температура…“.
Ћерка купила пиле данас на Рибљој пијаци код регистрованог продавца, где увек купује.
Да га исече, кад…😱
Зна ли неко шта је ово?!
Шта нам ово раде људи моји?! pic.twitter.com/MqgBLN0NCz— Јелена🌿 (@jela_m_lazic) April 26, 2023
Имаше и шеговити коментари како „Младо, се уште зелено внатре, треба да созрее“; „Полнето пилешко со авокадо“; „Сирото пиле, изгледа како растение да расте во него“, „Полнето бело за цена на обично бело, а ти уште се жалиш“…