ФОТО | Конечно ја потврдија врската: Бредли Купер фатен за рака со 21 година помладата манекенка

Фото: EPA / Profimedia

Откако со месеци се шпекулираше дека манекенката Џиџи Хадид (28) и актерот Бредли Купер (49) се во романтична врска, двајцата за првпат се појавија во јавноста заедно и беа интимни.

Манекенката и актерот потврдија дека се во врска откако прошетаа во Лондон држејќи се за рака. Освен тоа, Хадид е видена и како го гушка актерот околу половината додека разговараат на улиците на англиската престолнина, пишува „Пејџ сикс“.

Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Иако многупати се видени заедно во јавноста, тие никогаш не ја покажале својата љубов. Последен пат пред ова се појавија во јавноста по доделувањето на наградите Златен глобус, кога актерката им се придружи на Купер и неговата мајка на вечера.

„Работите станаа многу сериозни, тие се заедно секој ден“, изјави извор за странските медиуми пред неколку месеци.

Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

До 2019 година Купер беше во брак со манекенката Ирина Шјак, со која има ќерка. Иако се зборуваше дека поранешната двојка е повторно заедно затоа што биле на одмор заедно, се чини дека тие само останале во добри односи.

„Секогаш наоѓаме начин. Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“, изјави неодамна Ирина, додавајќи дека лесно се согласува за се со поранешниот сопруг.

Инаку и Џиџи Хадид има дете од врската со Зејн Малик, ќерката Каи.

ФОТО | По гласините за разделбата: Ирина Шајк повторно „уловена“ со познатиот спортист

Ирина Шајк и Бредли Купер летуваат заедно: Дали се повторно во љубов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот