
ФОТО | Кејт Мидлтон и принцот Вилијам повторно ја кршат традицијата
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам одамна ја покажаа својата подготвеност да отстапат од кралската традиција, што го покажаа и со овој потег. Внимателните следбеници на кралското семејство забележаа нешто различно кај принцезата Шарлот минатиот викенд на Вимблдон, кога десетгодишната принцеза беше видена со лак за нокти за прв пат.
Препорачано
Принцезата Шарлот избра лак за нокти „на свој начин“
Секогаш ја гледавме малата ќерка на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во сосема природен изглед и без слични детали, а сега таа не само што имаше лак за нокти како декорација за својот изглед, туку се осмели и да го прекрши кралскиот протокол.
Принцезата Шарлот носеше лак за нокти во розова боја и покрај добро познатите правила на кралското семејство во врска со лакот за нокти.
Да, дури и тоа е строго регулирано и се смета дека е посоодветно кралските дами да носат проѕирен или нежно розов лак за нокти, ако воопшто го носат, на официјалните излегувања.
Princess of Wales and Princess Charlotte look stunning in summer dresses at Wimbledon https://t.co/3DPUMC9Pjh
— Prima Magazine (@PrimaMag) July 16, 2025
Тие имаат тенденција да отстапуваат од традицијата
Со избирање на посветла розова боја, принцезата „се поигра“ на свој начин, иако воопшто не е изненадувачки што нејзините родители ѝ дозволија такво бенигно отстапување од вообичаената традиција.
Кејт и Вилијам се познати по тоа што имаат помодерен пристап и ја користат речиси секоја можност да се оттргнат барем малку од кралските ограничувања – од покажување наклонетост кон своите деца јавно (и едни кон други) до тоа како ги воспитуваат и како го украсуваат својот дом.