ФОТО | Катарина Ивановска ужива на Копаоник

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Нашата позната манекенка и модел, Катарина Ивановска многу малку открива за својот приватен живот, а на социјалните мрежи воглавно објавува фотографии од професионални фотосесии, патувања и секојдневни моменти поминати со пријателите и нејзините деца.


Една од последните објави кои манекенката ги сподели на својот Инстаграм го привлече нашето внимание. Очиглено Ивановска почувствувала дека е време да побегне од градскиот метеж и барем на неколку дена да се препушти на зимската идила и да подише чист воздух.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Заедно синот Вања и блиски пријатели топ моделот деновиве уживa на Копаоник кој е еден од поголемите планински венци во Србија, е омилена туристичка дестинација на Македонците кои се љубители на зимските спортови.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Облечена во црнобела скијачка опрема, Катарина уживаше во прекрасниот сончев ден, а на ски-стазите друштво и правеше малечкиот Вања кој притоа е одличен бордер.

ФОТО | Катарина Ивановска и Перо Антиќ заедно на премиерата на „Кајмак“

ФОТО | Убавица со шишки: Катарина Ивановска по долги години ја промени фризурата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот