ФОТО | Катарина Ивановска и Перо Антиќ заедно на премиерата на „Кајмак“

Фото: Фејсбук/„Кајмак“

Пред повеќе од една година нашиот модел и актерка Катарина Ивановска и поранешниот кошаркар Перо Антиќ беа во центарот на вниманието на македонската јавност откако споделија заедничка фотографија на социјалните мрежи. Додека едни шпекулираа дека Ивановска и Антиќ веќе некое време се во емотивна врска, други тврдеа дека станува збор за чисто пријателство.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Својот приватен живот не сакаат да го експонираат, но последните заеднички фотографии се доказ дека Перо и Катарина уживаат еден покрај друг. Парот, вчеравечер продефилира на црвениот килим по повод македонската премиера на „Кајмак“, седмиот филм на реномираниот режисер Милчо Манчевски.

Фото: Фејсбук/„Кајмак“

Дел од актерката екипа се и блиски пријатели со Кики, особено нашата позната актерка Ана Стојановска. Двете дами совршено стилизирани позираа пред фоторепортерите.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Горда на мојата другарка Ана Стојановска“ – напиша Ивановска на својот инстаграм – профил споделувајќи фотографии со актерката.

Иако поголемиот дел од времето го посветуваат на своите деца, очигледно Кики и Перо секој слободен момент го користат да го поминат времето заедно.

ГАЛЕРИЈА | Седмиот филм на Милчо Манчевски: „Кајмак“ премиерно прикажан пред македонската публика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот