ФОТО | Каролина и Кирил Лазаров се другари од гимназиските денови: Пејачката блескаше на промоцијата на автобиографијата на ракометарот

Фото: Принтскрин / Instagram

Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiril Lazarov (@kiril.lazarov7)

Автобиографското дело на еден од најдобрите ракометари во 21 век, Кирил Лазаров, „Секогаш на победа“ е веќе достапно за читателите и на македонски јазик.

Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, неодамна беше промовирана и пред скопската публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiril Lazarov (@kiril.lazarov7)

Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин“ во летото 2022 година, е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера.

На промоцијата присуствуваа бројни личности од јавниот живот, соработници и пријатели на ракоментарот како и македонската ракометна елита.

Нашата позната пејчака Каролина Гочева беше поканета на промоцијата на Лазаров. но не само како јавна личност туку и како стара пријателка на ракометарот уште од гимназиските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Пред неколку дена, мојот школски другар Кирил Лазаров ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера… Кире, честитки за се’ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои… Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија Јосип Броз Тито од Битола, генерација- „како да беше вчера”  Се гледаме на следна годишнина од матурска! – стои во описот на објавата на пејачката со која му ја честиташе промоцијата на книгата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот