ФОТО | „Каде е стомачето?“: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс станаа родители по четврти пат

Рајан Рејнолдс, Блејк Лајвли и Тами Рејнолдс / Фото: Инстаграм/Блејк Лајвли

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои важат за еден од најубавите парови во Холивуд, станаа родители по четврти пат.

Имено, актерката објави нова фотографија за време на годинашниот Супербол, на која позира со нејзиниот сопруг и неговата мајка Тами Рејнолдс. Но, обожавателите веднаш забележаа Лајвли веќе нема труднички стомак, што укажува на тоа дека се породила.

„Одлична дискретна најава за бебето! Честитки до семејството Рејнолдс“, искоментира еден нејзин следбеник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Како потсетување, Лајвли и Рејнолдс се запознаа за време на снимањето на филмот „Green Lantern“ во 2010 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска во октомври 2011 година, а стапија во брак на 9 септември 2012 година.

Тие веќе имаат три ќерки – осумгодишната Џејмс, шестгодишната Инез и тригодишната Бети. Двојката не крие колку им е важен семејниот живот и дека целат кон тоа нивните деца да имаат нормално детство.

„Сакам моите деца да имаат нормален дневен распоред. Кога Блејк снима, јас се грижам за децата и обратно. На тој начин правиме компромиси. Никогаш не сме работеле во исто време“, Рајан откри во едно интервју.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли со нивните ќерки, Џејмс и Инез / 15 декември 2016 / Фото: EPA/MIKE NELSON

Повеќе вести за холивудската двојка:

Прекрасна трудница: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ќе станат родители по четврти пат

Реакцијата на Рајан Рејнолдс кога ја здогледа Блејк Лајвли на Мет галата е вистински хит на Твитер

Рајан Рејнолдс искрено проговори за сексуалниот живот со Блејк Лајвли: Актерот се појави кај Џими Фалон непоканет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот