ФОТО | Ја контролира три години по разводот: Елизабет не смее да се фотографира со мажи и мора да оди на одмор со поранешниот сопруг

Фото: Profimedia

На Елизабет Грегорачи воопшто не ѝ е лесно, но сепак таа целосно го исполнува даденото ветување.

Италијанскиот претприемач Флавио Бријаторе (71) и 30 години помладата манекенка и моделка Елизабет Грегорачи, беа во брак од 2008 до 2017 година, а тој се погрижи јавноста да не ја види со мажите со кои е во врска, по него.


Флавио чие богатство се проценува на 400 милиони долари, фотографиран е со поранешната сопруга на плажа на остров во Сардинија. Додека Елизабет уживаше во спортови на вода, тој ја набљудуваше од бродот.

Манекенката привлекуваше внимание со минијатурното црно бикини во кое ја покажа совршената линија, а не ја симнуваше насмевката од лицето. Поранешниот шеф на „Формула 1“ како и секогаш носеше маица и шорцеви за на плажа, како и очила за сонце.


Инаку, некогашните сопружници имаат 11-годишен син, Нејтан Фалко, кого секогаш го носат на заедничките одмори. Флавио и Елизабета изгледаа многу расположенo, како што беше некогаш кога постојано беа заедно во јавност.

Со нив беше и неговата нова девојка, 25-годишната манекенка Марија Лудовико Кампано, со која е во врска од минатото лето. Флавио пред неа беше во врска со студентката на правен факултет Бенедети Боси, а на листата негови поранешни се и Наоми Кемпбел како и Хајди Клум со која ја има 17-годишната ќерка Лени.

Додека Бријаторе се фали со својот љубовен животи постојано менува млади убавици и моделки, на неговата поранешна сопруга со договор ѝ е забрането да го покаже јавно новото момче.

Кон крајотна минатата година Елизабет ги изненади сите кога призна дека има договор со милионерот, според кој три години по разводот не смее да се појави во јавност со ново момче. Од Флавио службено се разведе во 2018 година, а ако го прекрши договорот, таа мора да плати неверојатно високи пенали.

Договорот го потпиша и поради тоа не може да биде видена со мажи откако се разведе од Флавио. Можеби се дружи со некои, но тоа е нејзина приватна работа, изјави за италијанските медиуми извор близок на Елизабет. Таа самата на крајот призна дека цело време е во љубовна врска, но многу внимава да не биде фотографирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот