ФОТО | „Изгледа како бездомник“: Пике уловен на аеродром, запуштен и здебелен

Фото: Профимедиа

Поранешниот фудбалер Жерар Пике е снимен на аеродромот во Мајами, каде што пристигнал да ги посети синовите Саша и Милан, кои на почетокот на месецот се преселија таму со нивната мајка, колумбиската пејачка Шакира.

Многумина забележаа дека поранешниот играч на Барселона изгледа запоставено и дека добил неколку килограми вишок. Пике изгледал и доста изморено.

 

„Вака не изгледа среќен маж“, „Што му се случило?“, „Изгледа дека веќе не го тренира ниту телото, ниту мозокот“, „Изгледа дека премногу се опуштил на одмор“, „Бездомник“,  се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Новинарите го опколиле Пике веднаш по излегувањето од аеродромот, но фудбалерот не дал никакви изјави.

 


Пред да отпатува во Мајами за да ги види своите синови, Жерар бил неколку дена на одмор во Абу Даби со новата девојка Клара Чиа, со која ја изневери Шакира по 12 години врска.

ВИДЕО | Шакира за девојката на Пике: Има место во пеколот за таквите жени

ФОТО | Шакира ја напушти Барселона: Им благодарам на сите што ми ги бришеа солзите

„Билборд“: Шакира е жена на годината и прва Латиноамериканка која ја добила оваа титула

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот