ФОТО | Исповед на Наташа Беквалац за трите неуспешни бракови: Несреќата на Данило ме обележа за цел живот!

Фото: Марко Јовановиќ

Наташа Беквалац е една од оние пејачки кои секогаш достоинствено и со храброст се носат со неволјите кои животот им ги приредува.
Ја поврзуваа со многу моќни мажи, беше во три брака, имаше навистина турбулентни ситуации со многу од своите партнери, но сепак една голема незгода  ѝ го обележа животот и од тогаш оваа жена не е иста.

Првиот брак на српската пејачка со Данило Икодиновиќ се чинеше совршен. Кога тој доживеа сообраќајна несреќа, Наташа за тој период вели дека едвај преживеала, како да била и таа во самата несреќа.

„Несреќата на Данило е нешто што остави вечна трага во моето срце и со таа лузна ќе живеам и ќе умрам. За мене не постоеше внатрешен свет, во еден момент ја гледав Хана само еднаш дневно, и тоа на кратко. Бев три месеци во болница, сите беа прекрасни околу нас, затоа што гледаа дека енергијата меѓу нас ги оддржува нашите животи. Така се случи, од најлошата дијагноза, до најдобрата можно сценарио во тој миг. Но, тоа чувство на немоќ не го посакувам никому – изјави таа во Супер ТВ во интервју.

Многумина од јавноста го протолкуваа овој лош симбол како почеток на распад на нивниот брак, но Наташа даде сосема поинаква изјава од она што луѓето го очекуваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

„Јавноста не знаеше за нашите проблеми и пред несреќата. Не бевме во најдобри односи, но моментот на несреќата повторно беше причина да се вратиме еден на друг и да се поддржиме.
Не се разведов од него затоа што ми беше убаво или хармонично. Заедницата ни стана неиздржлива, имаше грешки и од моја и од негова страна. Не се чувствував осамено, затоа што имав поддршка од луѓето кои ги сакам и ме сакаат. Но, кога ќе повлечете линија, тогаш сте навистина сами. Сами го бирате својот пат, но одлуките и последиците од нив се само ваши“

Кога ќе се спомне нејзиниот брачен статус, злобните јазици знаат да кажат дека „три брака – три грешки“ се однесуваат токму за неа, Наташа не се сложува со тоа.

„Јас сум човек кој сака да соработува, да слуша, да признае грешка. Љубовта е она што ми е главен двигател и не можам да сфатам како некои одлуки сум ги донела, затоа што тогаш сум во поинаква состојба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Таа раскажува како нејзините бракови не се три грешки, туку во секој избор имала свесно проценето со кого влегува во заедница, и дека од сите односи со партнерите имала добри и лоши искуства, како и сите жени. Од бракот со Данило ја има ќерката Хана, а од третиот брак со Лука ја има ќерката Катја.

„Достоинствена сум и кога паѓам, не сум бедна. Чекорам со храброст низ животот. Во нашево опкружување немаш можност да го задржиш своето достоинство, луѓето едвај чекаат да те понижат. Токму тогаш треба да кренеш глава и да се чувствуваш како кралица.“ – раскажува таа, откако беше на тапет во јавноста поради насилство во семејството, кога нејзиниот поранешен сопруг Лука бил агресивен со неа.

По сите неубави работи што ги проживеала, Наташа сепак морала да се врати на семејството и настапите. Вели дека иако била под силен притисок, никогаш не ја изгубила вербата во себе и животот.

Наташа Беквалац има три брака зад себе, а нејзиниот љубовен живот е „на пауза“ веќе подолго време!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот