Наташа Беквалац има три брака зад себе, а нејзиниот љубовен живот е „на пауза“ веќе подолго време!

Instagram
Фото: Инстаграм

Наташа Беквалац секогаш искрена и отворена пред јавноста, а неодамна откри и што се случува во нејзиниот љубовен живот.

Откога се породив по втор пат, не сум била со ниту еден маж. Еве, јас сум сама две и пол години и тоа не ми пречи, напротив се чувствувам одлично. Отсекогаш мислев дека морам да имам некој покрај себе за да бидам исполнета и среќна, но всушност сега се чувствувам подобро од кога било. Не знаев како да бидам сама порано. Осаменоста ме плашеше, па можеби од тој страв летав од врска во врска. Или, некои би рекле од брак во брак. Сега сум зрела жена, па сфатив дека тоа не е добро. Доволна сум си сама за себе“ вели атрактивната пејачка.

Instagram
Instagram

Таа додава дека не бега од својата нова љубов, но објаснува дека сепак овој пат нема да ја бара. Едноставно, како што вели таа треба да помине повеќе време пред да биде подготвена повторно да сака друг маж.

„Кога влегувате од врска во врска, како и јас, енергијата од претходната врска е сè уште тука. И сето тоа се влече едно по друго. Па сега си дадов време, паузирав. Решив да ја прочистам својата енергија, животот, мислите. На овој начин, ќе бидам подобар родител за моите деца, но и подобра кон самата себе“, вели таа

Без оглед на тоа што во моментов решила да биде „соло“, пејачката е преплавена со љубовни понуди на социјалните мрежи.

Instagram
Instagram
„Многу мажи ми се додворуваат, но само преку Инстаграм. И, ако сакаат да ми пристапат во живо, нема каде да ме најдат затоа што јас не одам никаде заради пандемијата на коронавирусот. Иако, дури и пред овој хаос, тие немаа многу храброст да ми пријадат во живо, само се храбри кога пишуваат преку социјалните мрежи“, вели Наташа.

Таа признава дека внимателно ги набљудува сите понуди, но не реагира на нив.

Instagram
Instagram

Не посакувам никој, никој не ми создава пеперутки во стомакот. Постојат секакви пораки од „потенцијални кандидати“. Некои ме насмевнуваат, додека други се едноставни и вулгарни. Морам да признавам дека има и такви кои можат да бидат сериозни кандидати за разгледување, но ова не е периодот во кој сакам да имам некој. Овие моменти се убави за мене, уживам со ќерките, започнав да тренирам, се гледам само со блиски луѓе, посветена сум на себе, се грижам за себе… Единствено што ми недостасува е дружењето со публиката. Ми недостасува енергијата што си ја даваме едни на други на настапи“, вели Беквалац.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот