ФОТО | Исплива фотографија од амбуланта: Милан Станковиќ заврши на инфузија на Хиландар

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

Српскиот пејач Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена во екот на својата популарност, а во центарот на медиумскиот интерес е откако се дозна дека пејачот сè повеќе време поминува во манастир.

Според видеата што ги сподели на Инстаграм, Станковиќ повторно го посетил манастирот Хиландар, каде сè уште се наоѓа, но нарушена му е здравствената состојба.

Милан сподели видео од болнички кревет на кое се гледа дека е приклучен на инфузија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Очигледно, здравјето на Станковиќ било нарушено, па веднаш му била укажана помош. Околу него има полици со лекови, па очигледно е дека се наоѓа во амбуланта.

Иако многумина мислеа дека тој повеќе нема да престојува во манастири, кога ги избриша сите религиозни фотографии од својот инстаграм-профил и дека се враќа на естрадата, Милан сега ги разуверил кога објавил дека повторно отишол на Света Гора.

ФОТО | Милан Станковиќ сцената ја замени со манастир: Српскиот пејач стана искушеник меѓу монасите

„Татко ми убил човек поради долгови“: Шокантни детали од животот на Милан Станковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот