ФОТО: Индиец примен во болница со болки, докторите се шокираа од она што го најдоа во неговиот стомак

Проголтаните предмети извадени од стомакот на Индиецот/Фото: Скриншот

Човек кој две години страдал од болки во стомакот ги шокирал лекарите кога откриле дека голтал предмети од домаќинството од копчиња до слушалки, објави Њујорк Пост.

„Додека правевме рендген, пронајдовме приврзоци, синџири, навртки, слушалки и многу други предмети во внатрешноста на стомакот“, рече д-р Ајмер Саин Калра, директор на болницата Мога Медисити во Пенџаб, Индија.

35-годишниот пациент отишол во болница со болки во стомакот и висока температура.

Индиец голтал метални предмети/Фото: Скриншот/Њујорк пост

Лекарите му направиле ултразвук и рендген и откриле дека неговата болка ја предизвикуваат околу 60 мали предмети за домаќинството што не се јадат, вклучувајќи медалјони, синџири, навртки, завртки, слушалки и ленти за рака, магнети, копчиња од кошули и патенти.

Според Клиниката Кливленд, лекарите му дијагностицирале „Пика“ – проблем со менталното здравје на 35-годишникот каде што тој „компулсивно голта предмети што не се храна“.

Оваа болест е почеста кај малите деца, бремените жени и луѓето со психијатриски нарушувања, вклучително и нарушување на спектарот на аутизам, интелектуална попреченост или шизофренија.

Според Џем прес, роднините на пациентот не биле свесни за проблемот.

-Од тоа што јадел и остри предмети, имал сериозни повреди во стомакот, изјави докторот кој го оперирал.

На пациентот му е извршена тричасовна операција за отстранување на предметите.

Според лекарите, 35-годишникот останува интубиран и во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот