ФОТО: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата – Британците го најавија финалето на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Нешто повеќе од еден месец после полуфиналето на „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз повторно ќе се соочат еден против друг. На последниот меѓусебен меч Србинот беше подобар од Шпанецот со резултат 3:1 во сетови 3:6, 7:5, 6:1 и 6:1.

Новак Ѓоковиќ и Британците никогаш до сега не беа во најдобри односи, па не е чудно што ги бараат сите начини да ги „оспорат“ резултатите на српскиот тенисер.

А сега пред финалето в недела од 15.00 часот Британците го променија мислењето за Ѓоковиќ. Вака „Би-Би-Си Спорт“ го најави мечот: „Најдобриот на сите времиња против ѕвездата во подем. Кој ќе ја освои круната на Вимблдон?

Алкараз нема дилема кој има предност пред финалната битка и кој ќе биде поблиску до победата.

Ѓоковиќ в недела ќе се обиде да ја освои петтата титула во низа во Лондон, осма севкупно, и рекордната 24 грен слем титула.

– Сите знаат дека Новак е главен фаворит, па дури и јас. Знам дека е фаворит, ги освои последните четири турнири на „Вимблдон“, бара петти по ред, тука е во серија од 34 меча без пораз, тоа е нешто неверојатно. Ќе се обидам да не размислувам за тоа, за целата статистика овде на „Вимблдон“. Ќе се однесувам како да е само уште еден меч како и секој друг што сум го одиграл, ќе се обидам да дадам сè од себе и да најдам начин да го победам – вели Алкараз.

ВИДЕО: Вондрушова е првата финалистка на „Вимблдон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот